fbpx

Мерките за доверба и „новите преговори“ со Македонија ја разбрануваа Атина

-

Предлогот за мерки за градење доверба и „нови“ преговори меѓу Скопје и Атина ги разбрануваа духовите во грчката опозиција.

Поранешниот европратеник и актуелен пратеник на Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, ја става под знак прашалник потребата и поентата на мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, што ги најави грчкиот шеф на дипломатија, Никос Коѕиас.

Кумуцакос во пратенички прашања упатени до Коѕиас, по најавите од грчкото МНР и текстот на весникот „Катимерини“ дека, во суштина, е почнат разговорот меѓу Скопје и Атина за овие мерки, побара новиот министер за надворешни работи детално да објасни кои ќе бидат мерките и која е нивната цел.

Во писмото Кумуцакос истакнува дека „иредентистички изјави, активности и дела како училишните учебници, географски карти и изјави од високи функционери“ доаѓаат само од македонска страна, а не од грчка страна. Кумуцакос забележува дека преговори меѓу двете страни веќе постојат во рамки на Обединетите нации, со што индиректно посочува дека не ја разбира потребата од паралелни разговори на истата тема.

Кумуцакос бара Коѕиас да образложи точно што ќе биде содржината на преговорите меѓу Грција и Македонија за овие мерки за градење доверба и на кое ниво ќе се одвиваат преговорите. Тој прашува „дали Министерството го има пресметано ризикот ваквите преговори да влијаат негативно врз преговорите за името во ОН и дали министерот смета дека почетокот на овие преговори нема да влијае негативно на едногласната одлука на НАТО од 2008 година и едногласната одлука на Советот на ЕУ со кои наоѓањето заеднички прифатливо решение за името е дел од условите за прием во НАТО и за почеток на пристапните преговори со ЕУ?

Пратеникот на Нова демократија, кој долго време е активен околу спорот за името, бара од Коѕиас да потврди дали ќе продолжи да се движи во истата насока од Букурешт 2008 во врска со европската и со НАТО-перспективата на нашата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...