fbpx

Заев ќе почнел да ја објавува „бомбата“, доказите му биле од службите во Македонија

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на прес-конференција најави дека наредниве денови ќе почне да објавува делови од „бомбата“.

Заев денеска беше во центарот на вниманието на јавноста по полициската акција „Пуч“, во која  осомничен е тој, заедно со Зоран Верушевски и со уште две лица, а се товари за обид за загрозување на уставниот поредок и за недемократско преземање на власта, односно суспендирање на волјата на граѓаните.

Заев во салата во седиштето на СДСМ беше пречекан со извици „Слобода, слобода“ и „Зоки, Зоки“.

–  Ова што се случи денеска е дрзок обид на власта го спречи објавувањето на докази за она што го прават тие, а претставува доказ за газење на Уставот и на законите токму од Никола Груевски. Заканите нема да нè спречат да ги објавиме доказите дека Груевски и оние околу него, со нивните служби, следеле илјадници граѓани, нарушувајќи им ја приватноста. Доказите се добиени од загрижени граѓани, а не од странски служби како што кажа Груевски. Вистина е дека доказите се од служби во Македонија под контрола на Груевски. Има чесни луѓе и патриоти кои си ја сакаат земјата. Лага е дека сум го уценувал Груевски. Јасно му кажав дека имаме докази за неговото криминално владеење. Ниту јас, ниту опозицијата, не ги кршиме законот и Уставот. Нив ги крши Никола Груевски. Наша одговорност е да ја ослободиме Македонија од тоа што ѝ се случува. Поради тоа што постои спрега меѓу Јавното обвинителство, МВР и судот, ја повикуваме меѓународната заедница да го следи процесот – рече Заев.

Тој повтори дека „доказите ќе бидат обелоденети во согласност со осмислената стратегија“.

Заев рече дека Централниот одбор на партијата во вторникот имал состанок за објавување на доказите, па затоа Груевски побрзал да го спречи тоа.

На новинарското прашање зошто чекале досега, Заев рече дека сè досега добро ги осмислувале сите чекори.

Заев истакна дека ако тој оди во притвор, некои од оние зад него, алудирајќи на членовите на најтесното раководство на СДСМ, ќе ги објави „доказите“.

Како што информираа од МВР, во досегашната истрага било утврдено дека осомничените лица, преку употреба на незаконски средства на следење и на шпионирање и со закани кон високи државни функционери, сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Денеска на јавноста ѝ се обрати премиерот Никола Груевски, кој истакна дека нема да попушти под уцени, местенки и закани.

Попладневно во центарот на Скопје, по претходен повик на социјалните мрежи, се насобра поголема група граѓани кои со повиците „Уа, Заев“ се упати кон седиштето на СДСМ.

Полицијата не им дозволи да дојдат до таму и ги блокираше на блиската крстосница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...