Адеми му пиша на ректорот: Еве, вака ќе изгледа државниот испит

-

„Мета“ дојде до документ испратен од Министерството за образование и наука, потпишан од министерот Абдилаќим Адеми, до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, на 5 декември, во кој е објаснет моделот на државниот испит за студентите и начинот на кој ќе се спроведува.

Во документот се вели дека испитот ќе биде составен од пет прашања од секој предмет, со четири понудени одговри , а прашањата ќе имаат различна тежина. За да положат, студентите ќе мора да дадат точен одговор на најмалку три прашања од секој предмет.
„Државниот испит за студенти ќе содржи пет прашања од секој предмет поединечно, од секоја наставна година, со четири понудени решенија со различна тежина, од кои едното решение е точен одговор на понуденото прашање.
Прашањата од секој предмет поединечно, кои ќе му се достават по случаен избор на секој студент за време на полагање на државниот испит, преку посебен софтверски систем, ќе бидат од различно ниво на сложеност и тоа две прашања ќе бидат од најсложен вид на прашања, а останатите три прашања ќе бидат составени со пониски нивоа на сложеност.
Државниот испит за студенти ќе се смета за положен доколку студентот има точно одговорено на најмалку три прашања од секој предмет поединечно.“

dokument za drzaven ispit
Студентите што нема да го положат испитот, ќе можат да го полагаат трипати бесплатно, а потоа за полагање ќе треба да платат, но во документот не се наведува колку ќе изнесува сумата.
„Државниот испит студентот ќе го полага само еднаш во кварталот на академската година, при што првите три полагања се бесплатни. Доколку студентот не успее да го положи државниот испит трипати по ред, наредните пријавувања за полагања се на товар на студентот.“
Во документот се наведува дека Одборот за акредитација и евалуација на високото образование ќе биде составен од девет члена, кои Владата на Република Македонија ќе ги избира на јавен оглас.
„Одборот за акредитација и евалуација на високото образование ќе биде составен од девет члена, избрани на јавен оглас, објавен од Владата на Република Македонија, и тоа: тројца членови од редот на прворангираниот универзитет според последното спроведено рангирање на сите универзитети и високообразовни установи во состав на универзитетите запишани во регистарот на високообразовни установи во Република Македонија, двајца членови од второрангираниот универзитет, еден член од највисоко рангираниот приватен универзитет и двајца странски наставници од редот на 500-те највисоко рангирани високообразовни установи, рангирани на последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при шангајскиот Универзитет „Џиао Тонг“. Членовите на Одборот не можат истовремено да бидат и надворешни консултанти на восокообразовните установи во државите“.
Во документот се вели дека обврската за полагање на државниот испит се однесува на генерациите запишани на студиската 2016/2017 година и нема да има ретроактивно дејство.
Освен тоа, се наведува дека ќе се води општа и јавна дебата не само со инволвираните страни во случајот, туку со повеќе релевантни фактори, институции и асоцијации во земјата.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...