fbpx

70 милиони евра од Светска банка за подобри локални патишта

-

За реконструкција и изградба на локални патишта ќе се инвестираат околу 70 милиони евра, кои ќе се обезбедат преку Светска банка, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договорите за финансирање на општинска инфраструктура преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

–  Станува збор за средства од четиригодишната стратегија за соработка со Светска банка, кои сметаме дека најдобро ќе се искористат ако се вложи во локална инфраструктура. Сметаме дека е потребно овие средства да се вложат во локални патишта, кои се потребни низ цела земја. Тие ќе ги подобрат услугите кон граѓаните, а водено и ќе ја придвижат економијата. Ова е значајна сума на средства – истакна Тевдовски.

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа. Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди средства од Светска банка за реализација на овој проект, додека Министерството за транспорт и врски ќе го спроведе истиот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...