Матурантите одиграа квадрил на плоштад

Фото: Мета.мк

Точно на пладне денеска на плоштадот „Македонија“, матурантите од Скопје го одиграа познатиот танц квадрил. Истовремено, играа и матурантите во повеќе градови низ државата.

Фото: Мета.мк

Овој настан традиционално се одржува секоја година, а го организира Дирекцијата за култура и уметност. Заедно со нашите матуранти, играа и нивни врсници од десетици градови во Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Словачка, Турција, Унгарија и други.