fbpx

61,8 отсто искористеност на средствата од ИПА1

-

Искористеноста на средствата од Инструментот за претпристапна асистенција 1 (ИПА1), за периодот 2007-2013 година, изнесува 61,8 отсто, односно од 614,7 милиони евра. Притоа, склучени се 957 договори во вредност од 379,8 милиони евра. Остануваат уште 97 милиони евра од оваа програма, кои треба да се искористат до 2017 година,

Ова денеска го соопшти вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на прес-конференција за статусот на искористеност на ИПА-фондовите.

– Во 2013 година степенот на искористеност изнесувал 34,2 отсто, во 2014 година –  45,8 отсто, а во 2015 година – 61,8 отсто. Досега се реализирани 2.600 проекти на државно и на локално ниво. Со ИПА1 беа опфатени проекти за зајкнување на институционалните капацитети, за зајакнување и за градење на децентрализиран систем, релизација на приоритетите на Владата за проширување и за евроинтеграција – изјави Бесими.

Евроамбасадорот Аиво Орав истакна дека лани државата изгубила 44 милиони евра од овие фондови.

– ЕУ-фондовите треба да бидат искористени за вистински приоритети, а не за непотребни работи. Со овие средства ќе продолжи зајакнувањето на институциите, конкуренцијата, инфраструктурата, со што ќе се подобрат резултатите на долгорочен план – истакна Орав.

Со ИПА2 за периодот 2014-2020 година за која се предвидени 645 милиони евра, ќе бидат опфатени осум сектори меѓу кои владеење на правото, социјални полтики, траснпорт, животна средина, рурален развој и друго.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...