fbpx

5Г технологијата е погрешно обвинета за ширење на корона вирусот

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за борба против дезинформациите и за проверка на фактите Raskrikavanje.rs е уште еден од ваквите балкански сервиси што се зафати со справување со дезинформации за воведувањето на новата 5Г технологија на мобилната телефонија и за теориите на заговор што се шират за неа и ја поврзуваат со заразувањето со новиот корона вирус.

Противниците на новата технологија велат дека 5Г ја уништува ДНК и го ослабува имунитетот, па поради тоа сме поподложни на заразување со вирусот. Но, како што пишува Raskrikavanje.rs сигналите од оваа најнова технологија за безжична комуникација, иако со фрекфенции до 26 гигахерци, спаѓа во нејонизирачките зрачења, од кои опасни може да бидат нуклеарните зрачења, рендгенските зраци, гама зраците, а според Светската здравствена организација (СЗО) во 20 години на испитување на мобилните технологии врз човековото здравје, досега не се утврдени штетни влијанија од овие канали на комуникација.

Српскиот сервис за борба против лажните вести анализира и друга „информација“ – дека во Србија тајно се поставуваат антени за 5Г и утврдува дека ваквото тврдење е неточно, односно е лажна вест.

Во Србија е во јуни 2019 година поставена само една 5Г антена, во Научно-технолошкиот парк во Белград, а фотографиите од наводни вакви антени што се појавуваат на социјалните мрежи и во некои портали, се всушност фотографии од 3Г и 4Г антени, пишува Raskrikavanje.rs. Притоа, се користат и фотографии не само од Србија, туку и од многу земји во светот, па дури и се поставуваат фотографии со базни станици „маскирани“ во гигантски кактуси.

Уште едно од заговорничките тврдења што е анализирано од српскиот сервис за борба против дезинформациите е дека новиот корона вирус се шири онаму каде што има 5Г технологија. Поборниците на оваа идеја велат дека вирусот избувнал во Вухан и Милано, каде што од средината на минатата година е застапена 5Г технологијата. Но, вистината е дека вирусот интензивно се шири и на многу места каде нема 5Г технологија, а има и други големи градови каде што има 5Г технологија, каде што вирусот не заразува интензивно, како што се Пекинг, Шанга, Рим, Торино, Болоња, Неапол…

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...