Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за борба против дезинформациите fakenews.rs се зафати со еден проблем што произлезе по многуте дезинформации дека 5Г технологијата за поврзување, односно интернет-врска и мобилна телефонија, предизвикува не само инфицирање со корона вирус, туку и рак и претерано загревање на делови од телото и последици како рак и други болести.

Имено, fakenews.rs открил и една сериозна лажна вест заснована на фотографии, дека и сигналот од мобилните телефони од 3Г и 4Г технологија може да испука пуканки од пченица.

Фотографиите се појавиле на една Фејсбук-страница, како што утврдил fakenews.rs, станува збор за 12 години стари снимки. Овој сајт предупредува дека британскиот весник „Гардијан“ се обидел да го повтори ексипериментот и утврдил дека во микробранова печка би биле потребни многу повеќе напoри за да се постигне тоа што се гледа на снимките, а микробрановите печки емитуваат на многу повисоки фрекфенции. Односно, ушите би ни изгореле на секој повик од мобилен телефон кога би било така како во наводниот експеримент, пишува fakenews.rs.

Црногорскиот сервис за борба против дезинформацииите raskrinkavanje.me, пак анализирал дезинформација дека лек против киселини во желудникот Famotidin дал резултати во Кина ов битка против корона вирусот.Информацијата била објавена од руската агенција „Спутник“ а потоа пренесена од многу портали и медиуи на српски јазик.

Во наводите се тврди дека овој лек бил сокриван „под тепих“, но вистината е дека станува збор з алек развиен од јапонска фармацевтска компанија уште во 1980-тите години, и да бил ефикасен, сите би го користеле како помагач за битката со Ковид-19, болеста предизвикана од новито корона вирус. Но тоа не е случај, туку е само дезинформација за зголемување на читаноста, пишува raskrinkavanje.me.