„Duck Side of the Moon“ e нова 3D платформска игра која е адаптирана за најмладите. Во играта нема насилство и играте со патка астронаут што истражува, собира ресурси и го надградува својот свемирски брод и помага на народот од карпи зависни од диско музика да им се врати ритамот на живот што постоел пред тој да се сруши на нивниот астероид заспивајќи на контролите од бродот.
Веднаш може да се забележи дека играта се одвива забавено и играте 3D платформер во којшто нон стоп летате како патка. Истовремено сте во околина која не може да ве повреди ниту пак е можно да загинете во играта.
Со цела релаксирачка атмосфера што ја создава самиот дизајн на играта. Додека летањето е повремено во други 3D платформери овде е постојана состојба на движење и играта не нуди директни конфликтни предизвици-напротив нуди само смирена релаксација.
Ако сте забележале дека сите анимирани филмови за најмладите кои се емитуваат на „Baby-Tv“, се одвиваа споро за најмладите во развој да можат да ги следат полека и да им се даде чувство на смиреност и комфорт.
Истиот педагошки фактор е употребен и во оваа игра каде се е бавно – која е одлична и за поклон и за семејна интеракција на родители и деца додека заедно би ја играле.
Играта има околу 40 ачивменти, достигнувања за отклучување- најчесто базирани на колекции. А единствената маана е што се заклучуваат фази на прогресирање на кои не може да се вратите освен ако не ја почнете играта од почеток и ги завршите сите „квестови“ и задачи како и колекциите на предмети што може да ги рударите со помош на ласер од летечко роботче што ве следи. Но целата игра е релативно кратка и може да се преигра за само 4 часа играње. Повторувањето на играта е исто така фактор за да се завршат пропуштени „ачивменти“ и лекција за темелно вршење на работите до крај „од прва“.
Еден од ресурсите се Штрафчињата што ги собирате, а се користат да си го надградите вселенскиот брод кој може да го уредувате со различни додатоци и да декорирате соби. А вонземјаните луѓе-карпи се ваши мирни и ведри соседи со кои имате пријатни разговори и си помагате. Разговорот со компјутерот на леталото нуди голем број шеги и хумористични фрази што ја појачуваат забавата во играта.
Секако мора да се напомене дека играта доби на популарност затоа што има две главни референци – едната е несомнено албумот од бендот Пинк Флојд наречен „The Dark Side of The Moon“ -а втората референца е актуелното скорешно патување на вистинската астронаутска мисија на NASA до „Темната Страна на Месечината“ наречена „Artemis II“. Од каде и произлегува насловот на играта со „комичен твист“ :„Duck Side of The Moon“.
Играта иако изгледа прекрасно и е исполнета со смирувачка и убаво направена колоритна атмосфера на планетоиди и различни околини воопшто не е производ на големо студио- туку е прв захват за правење инди-видеоигра на холандско мало студио на ентузијасти наречено „Starbrew Games“ и играта може да се купи на Steam каде моментално е на 20% попуст и чини 15,99 евра наместо стандардната цена од 19,99 евра – критиките на Steam од сите што ја купиле и испробале играта се со оценка „Very Positive“ (Многу позитивни).
