fbpx

386 прекршоци за не носење на маски, а 130 лица се приведени за непочитување на полициски час

-

МВР информира дека по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 386 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што констатирано е дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација,“ информираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...