За да се прослават 30 години од излегувањето на култната пукачка игра „Quake“ направено е големо ажурирање на играта наречено „Dawn of the Machine“ со многу новитети, нова приказна, нови чудовишта и нови оружја за користење како и 19 нови нивоа за играње со сосема нови мапи.

Ова е направено од страна на групираните девелопери од „id Software“ во коолаборација со студиото наградувано за изработка на видеоигри „Machine Games“ и е достапно како бесплатен аптејт за корисниците што веќе ја имаат купено играта со верзија за било кој уред, „PC“ или Конзола.

Што се однесува до приказната накратко е објаснет наративот вака, цитирам: 

„Рејнџер е заробен во димензија на бесконечни илузии. -редоживувајќи ги истите насилни циклуси кои изгледаат како целосни животи, умирајќи илјадници пати во бесполезни обиди да избега. Преморен но не и скршен, ги наслушнува гласините за „Maшината за Ноќни мори“. 

Зад хордите од чудовишта- извитоперена од вечност во Прастарите Полиња на Постоење- стои Машината. Се верува дека нејзиното уништување, парам-парче ќе ја поништи илузијата, конечно прекинувајќи го циклусот на повторувања.“ 

„Quake“ за повеќето генерации што растеа со „Doom“ игрите и воопшто во гејмингот е игра која дефинираше цел жанр на „FPS“ игри односно „пукачки игри“ -за чијшто историјат имаме и претходен напис во тема за друга игра што може да го прочитате овде.

Дражот на играта е што беше брза и се играше мрежно и беше навистина многу игрива, своевремено во екот на првата популарност доста се играше и по играчните во Скопје. Пред неколку години беше извадена и верзија на „Quake“ од оригиналната игра што може да се игра бесплатно во интернет пребарувач (Browser) дека играта се нудеше во вид на стрим без симнување фајлови. Но таа везија некако не зема глобален замав туку беше само носталгична епизода. На следниот линк е уште достапна за играње. 

По повод 30 годишнината играта е целосно преработена, има нова мапа за опцијата „Deathmatch“ односно за заедничко играње со група пријатели и индивидуално на интернет. Оригинално „Quake“ највеќе се играше со „Free for All“ опцијата, но имаше и тимска игра со „Capture the Flag“- „модот“ на играта каде два тима се борат да го украдат знамето на противниците и да го однесат и да направат „cap“(скратена фаза за „Capture the Flag“)   на противничкото знаме во својата база на истиот „бикон“ -позиција каде стои нивното-доколку не е земено. Во случај да е земено знамето се лови носачот за да може да се направи „cap“ и со тоа се победува рунда. Но очигледно дека ова е прекомплициран начин да се реоживее па затоа има направено само нова стаза за „Deathmatch“ опцијата каде секој играч се бори индивидуално. Своевремено стазите со појачани високи скокови и употребата на „Rocket Jump“-Пукање со „Rocket Launcher“ во земја или тло под играчот, резултираше со висок скок нагоре што можеше да се насочува. Една од најмаркантните карактеристики на Quake што ја немаше своевремено во ниедна друга игра. Токму тие нивоа беа меѓу најзабавните на „Quake“ што се преслика потоа во стазата наречена „Морфиус“ поради популарноста на филмот „Матрикс“ во играта „Unreal“ исто така доста игрива игра во истиот „FPS“ жанр. 

Новата музика („Original Game Sound Track“)  би требало да го освежи амбиентот и новомодификуваните чудовишта како „Rocket Ogre“, „Demo Dog“ и „Blood Shambler“ како нови верзии од оригиналните оружја од експанзиите за Quake како „Super Axe“ -секира која емитира и молњи -секако референца за Секирата на Тор од Авенџерс филмовите наречена „Stormbreaker“, како и маркантниот Ласерски Топ („Laser Cannon) којшто како што дефинираат девелоперите -цитирам: „чијшто зраци и проектили се одбиваат од ѕидови и распарчуваат непријатели од секој агол“. 

Најновата верзија на „Quake“ доаѓа со нови  Ачивменти (документирани достигнувања), наменско мени со „Читови“ за играње „God Mode“во „Single Player“ верзијата вградено во играта поради носталгија за таа појава. Еден куп софтверски подобрувања на играта за сите платформи и уреди и надоградена поразвиена опција за модирање на игра од страна на корисниците играчи. 

Сепак иако не се очекува огромна популарност за сево ова, на повеќето повозрасни гејмери ова им претставува достојно и забавно одбележување на 30 годишнината на играта „Quake“.