Дваесет и седум годишна девојка од Дебар, вчера била пронајдена почината во водите на Дебарското езеро, информира СВР Охрид.
„На 28 јуни во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарското езеро во близина на пумпната станица – Дебар, на околу два метри од брегот на езерото, почината е пронајдена С.А. (27) од Дебар. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршиле полициски екипи, а лекар од Општата болница во Дебар, констатирал смрт без траги на насилство, по што телото е дадено за обдукција“, наведено е во соопштението.
