fbpx

26 кривични и 41 прекршочна пријава за угостителите што не ги почитуваат протоколите за работа

-

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски на денешната прес-конференција соопшти дека од повторното отворање на угостителските објекти на 28 мај до денес, изречени се 856 опомени во врска со спроведување на протоколите за работа кај кафулињата и рестораните.

– За викендот и вчерашниот ден, Државниот пазарен инспекторат поднесе 21 кривична пријава и уште 5 се во фаза на постапка. Во овој период константирано е дека меѓу дел од угостителски објекти, имало и 41 нерегистрирани субјекти на кои им се изречени прекршочни пријави и издадени се платни налози – изјави директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

Тој апелираше да се почитуваат мерките и протоколите, се со цел да не се зголемува бројот на заразени, а со тоа државата да заостанува во однос на соседите за олабавување на мерките.

Пауновски истакна дека голем дел од угостителите ги почитуваат протоколите.

– За да не дојде до судир со угостителите, дадовме предлози за менување на протоколите преку министерствата и Владата. Дел од предлозите може да бидат прифатени, дел не. Таму каде што може да има олеснување, ќе има – рече директорот на ДПИ.

Државниот инспекторат за труд пак, од 11 март до 28 мај годинава има регистрирано вкупно 2.300 пријави од граѓани, од кои 840 пријави се за непочитување на мерките за вирусот, а останатите се однесуваат на информации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...