18 гостиварски судии тужеле по основ на погрешно пресметани додатоци за плата

Во извештајот пишува дека во судот е поставен систем за електронската евиденција на работно време и на прекувремената работа но истиот поради неисправност не се користи

-

Во 2024 година бројот на тужби во Гостиварскиот суд е особено зголемен и тоа – 23 тужби, од кои 18 тужби од судии по основ на погрешно пресметани додатоци на плата, односно минатиот труд, придонеси на плата на тужителите – судии, како и неисплатен регрес од минати години и 5 тужби од судски службеници по основ на остварување на правото за јубилејни награди, во вкупен износ од 2,3 милиони денари, утврдиле државните ревизори.

Оттаму, во извештајот навеле дека во овој суд отсуствуваат одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи.

„Средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0,8 отсто од БДП на Буџетот на Република Северна Македонија, односно одобрените средства претставуваат 0,3 отсто од БДП. Во модулот за пресметка на плата на судската полиција зголемувањето на платата не е вклучено во основната компонента врз основа на која се врши пресметка на минат труд, а надоместоците за прекувремена и ноќна работа иако не треба, влегуваат во основицата за пресметка на додатокот за работно искуство“, наведено е во извештајот.

Ревизорите утврдиле и различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, предизвикува дилеми и неможност за постапување.

„Не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и има неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање. Има отсуство на документација со која ќе се потврди правото на сопственост или користење на недвижниот имот – објектот во кој е сместен судот. Пописот не e спроведен согласно законската регулатива“, утврдиле ревизорите.

Во извештајот пишува дека во судот е поставен систем за електронската евиденција на работно време и на прекувремената работа но истиот поради неисправност не се користи.

„Не е склучен договор помеѓу институциите за процентуалното учество во трошоците од заедничкото користење на зградата. Активности за вршење на попис на судските депозити не се преземени. Не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени/незавршени, со цел преземање на понатамошни мерки за истите. Не е воспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите и не е извршен надзор над севкупното материјално и финансиско работење на судот со средствата за депозитите“, пишува во извештајот.

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека...