16-годишник од Гостивар усмрти мотоциклист

-

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 2.30 часот, во близина на зградата на судот во Гостивар. Автомобил марка „голф“, кој бил управуван од 16-годишниот Б.А., удрил во мотоциклист управуван од 31-годишниот М.Б., при што М.Б. добил тешки телесни повреди и починал на местото на несреќата. Возачот на „голфот“ и неговите тројца сопатници, како и сопатникот на мотоциклот, не се повредени.

„Надлежниот јавен обвинител по извршениот увид издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, а нареди и анализи на крв и на урина на сите учесници во сообраќајната несреќа. Исто така, за со сигурност да се потврди кој точно управувал со возилото и со мотоциклот, надлежниот јавен обвинител нареди да бидат земени ДНК-профили на сите учесници во сообраќајната несреќа, кои ќе бидат споредени со трагите пронајдени на местото на несреќата“, информираат од Основното јавно обвинителство од Гостивар.

СВР Тетово во првите 6 месеси од годинава има регистрирано 1.300 лица кои управувале возило без возачка дозвола. Најголемиот дел од нив биле малолетници.

Стрип изложба во Скопје под името „Да ѝ дадеме шанса на инклузијата“

Стрип центарот на Македонија од Велес го завршува имплементирањето на циклус од пет изложби, како дел од грантот „Сè што кажуваме е да и дадеме шанса на инклузијата“. Овој...