12-годишната Рајлин Сатидтанасарн, позната како Лили е една од учесниците на протестот од 20 септември при кој тие симулираа „умирање“ пред Министерството за природни ресурси и животна средина на Тајланд, со цел да го симболизираат влошувањето на климатската криза. Тоа беше дел од глобалниот штрајк за климата кој го иницираа претежно млади луѓе низ целиот свет со цел да ја нагласат потребата за итна акција со која ќе се запре брзото загревање на планетата.
Лили е позната во Тајланд по застапувањето да се намали користењето пластика. Во последните четири години таа има разговарано со функционери, директори на фирми и граѓански лидери со цел да се намали загадувањето предизвикано со користење пластични предмети за една употреба.
Нејзините напори успејаа да го свртат вниманието кон алармантното ниво на пластичен отпад во Тајланд. Благодарение на нејзиното застапување супермаркет во Бангкок престанал да нуди пластични кеси по еден ден во неделата.
Во интервју за „Глобал војсис“ преку „ВатсАп“ овозможено од нејзиното семејство, Лили рече дека не е сигурнаа дали треба да се нарекува себеси застапник за животната средина бидејќи смета дека нејзината работа е поголема одговорност:
Лили се загрижила за животната средина на осумгодишна возраст кога видела пластичен отпад на плажа додека била на одмор со семејството.
Лили ги сподели некои од предизвиците и тешкотиите со кои се соочила додека се обидувала да допре до властите и лидерите во општеството:
Lilly, Thailand’s Greta Thunberg, wages ‘war’ on plastic #AFP https://t.co/7KXPRWRDnF
📸 @AFPMladen pic.twitter.com/PTQmApyonG— AFP Photo (@AFPphoto) September 17, 2019
Многу медиумски објави ја опишуваат Лили како „Грета Тунберг од Тајланд“, поврзувајќи ја со 16-годишната девојка активист за климата од Шведска која стана популарна икона на глобалниот климатски штрајк. Ова е реакцијата на Лили:
Лили го упати следното потсетување до тајландските државните функционери:
