1 од 100 луѓе во светот имаат целијачна болест

Се проценува дека речиси 40 % од светската популација се нетолерантни на глутен

-

Денеска е Меѓународен ден за подигање на свеста за целијачната болест или целијакија. Секоја година, националните здруженија за целијакија ширум светот овој ден го користат како можност да ја подигнат свеста кај јавноста за целијачната болест и други прашања поврзани со интолетанција на глутен. За 3 милиони Американци и 1 од 100 луѓе ширум светот со целијачна болест, единствениот третман е строго придржување кон диета без глутен.

„Целијакија или Целијачна болест е хронична автоимуна болест што се одликува со неподносливост на организмот на глутен, кој е белковина од пченица, јачмен, ‘рж и овес. Целијачна болест е медицинска состојба кај која имунолошкиот систем ги напаѓа сопствените ткива кога се конзумира храна што содржи глутен. Се верува дека повеќе од еден милион Европејци боледуваат од целијакија. На еден дијагностоциран болен има најмалку седум што не се препознаени (дијагностицирани). Знаењето за целијакија и одржувањето на здравјето кај оваа болест е на изразито ниско ниво“, наведено е во соопштението од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Болеста ги зафаќа сите возрасни групи од двата пола. Пријавените случаи на инфекција се повисоки кај жените отколку кај мажите. Ризикот од целијачна болест се зголемува кај оние со автоимуна болест на тироидната жлезда, дијабетес тип 1, Даунов синдром и Тарнеров синдром. Целијачна болест може да се развие на која било возраст, а може да се појави кај доенчиња или кај возрасни.

„Децата најчесто имаат дигестивни симптоми, како надуености гасови, хронична дијареа, стомачни болки, проблеми со столицата итн. Нутритивните дефицити знаат да бидат особено проблематични кај децата во развој, па така нетретирањето на оваа состојба може да доведе и кон поопасни импликации, како одложен пубертет, нарушено расположение, забавен раст и развој и пореметување на менструалниот циклус. Неспецифичноста на симптомите честопати може да води кон тешко препознавање на болеста. Повозрасните, покрај дигестивните, често имаат и други симптоми, како хроничен замор, анемија, депресивност, главоболки, болки во зглобовите, афти во устата, проблеми со фертилноста препознавање на состојбата“, се додава во информацијата од ИЈЗ.

Ако консумирањето храна со глутен прави одредени проблеми, потребно е да се искомуницира со лекар и тој може да препорача подетално следење на исхраната или тестирање. За дијагностицирање на целијакијата, но и за алергијата на пченица се препорачуваат крвни тестови, односно тестови кои утврдуваат присуство на специфични антитела (најчесто tTg-IgA тест).

Целијачната болест е сериозна, генетска автоимуна болест и во моментов не постои лек за неа. Нетолеранцијата на глутен е доста честа појава во денешно време и се карактеризира со негативни реакции на глутенот и се проценува дека 99 % од луѓето кои имаат нетолеранција на глутен, или целијакија, не се дијагностицирани со оваа состојба. Исто така, се проценува дека речиси 40 % од светската популација се нетолерантни на глутен.

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои...