Џокер, првиот филм за возрасни кој заработи милијарда долари

Џокер е првиот филм во историјата обележан како филм за возрасни (R-rated) кој заработил милијарда долари. Уште од неговото излегување во кината во октомври, Џокер веднаш стана еден од најконтраверзните филмови кои ја поделија публиката, едни мислат дека е брилијантен, а други сметаат дека е опасен поради насилните сцени кои ги содржи. Значајна разлика веднаш имаше и меѓу оценките на критичарите и публиката, критичарите му даваа многу ниски оценки, додека пак од публиката доби високи оценки. Моменталната оценка на „Ротен томатос“ од публика е 89%.

Контроверзноста која го обви филмот сепак само му помогна и натера огромен број луѓе да бидат доволно љубопитни и да отидат во кино за да го погледнат филмот.

Освен тоа што е првиот R-rated филм кој заработил милијарда, Џокер е исто така нај профитабилниот суперхеројски филм на сите времиња. Да, попрофитабилен дури и од Авенџерс Енд Гејм. Џокер е направен со буџет од само 62,5 милиони долари, а до сега заработи односно околу 15 пати повеќе од потрошениот буџет, од друга страна Авенџерс беше направен со буџет 356 милиони долари, а заработи 2,8 милијарди односно 12,7 пати повеќе од потрошениот буџет.