Џенифер Анистон конечно реши да отвори Инстаграм профил и го урна рекордот во Гинисовата книга на рекорди за Инстаграм профил кој најбрзо стигнал до милион следачи.
Џен стигна до милион следачи за 5 часа и 15 минути што е за половина час побрзо од предходниот рекорд на профилот на Принцот Хари и Меган Маркл.
Првата фотографија на профилот на Џенифер е заедничка фотографија од сите 6 членови на кастот на серијата Friends, која моментално има повеќе од 12 милиони лајкови, а профилот на Анистон веќе има речиси 12 милиони следачи.