Џанел Елиана стигна до милион претплатници на YouTube за само две недели

Ова лето YouTube светот го разбранува нова необична ѕвезда која за само 2 недели и со само 2 видеа успеа да стигне до 1.3 милиони следачи. На повеќето видео креатори на YouTubeнајчесто им се потребни месеци, па и години да достигнат до оваа бројка, но не и на Џанел Елиана (Jennelle Eliana).

Џанел е 20 годишна девојка која живее во комбе со своето домашно милениче змијата Алфредо. Во видеата на незиниот YouTube канал таа на интересен и забавен начин го покажува незиниот необичен живот што го привлекува вниманието на милиони гледачи.

Но луѓето кои се занимаваат со креирање YouTube содржини знаат дека најчесто не е доволно да имаш интересен начин на живот и интересен карактер за да достигнеш толку брз успех, па веднаш се појавија еден куп теории на заговор. Како можни причини за брзиот раст на овој канал се шпекулираше дека компанијата „Гугл“ која е сопственик на платформата намерно ја промовира и препорачува Џанел бидејќи е главна улога во нова серија која ја продуцира самиот YouTube, па пред да ја објават серијата се обидуваат да ја направат Џанел популарна што би донело до голем број гледачи на серијата. Друга теорија беше дека позади каналот стои голема компанија која создава нов инфлуенсер преку кој ќе може да ги рекламира своите производи.

Секако, се претпоставуваа и најчестите теории што кружат кога станува збор за брзорастечки канал: дека купувала следбеници или дека луѓето ја следат бидејќи е млада привлечна девојка.

Сепак ниту една од овие претпоставки не издржа долго време бидејќи на крајот излезе дека Џанел несвесно добила YouTube џекпот. Нејзините видеа, насловите на видеата и целната публика која ја одбрала се поклопиле совршено со алгоритмот на платформата што резултирало нејзините видеа да бидат предложени на милиони корисници, а квалитетот и содржината на видеата ги заинтересирале луѓето да се претплатат на незиниот канал.