Њујорк ќе затвори 64 км улици за автомобили за послободно движење на луѓето

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, соопшти дека градот ќе затвори најмалку 40 милји (64 km) улици во сообраќајот на автомобилите, за да создаде повеќе отворено место за жителите на Њујорк во време на пандемијата. Тој најави дека ќе започнат со отворање на улиците околу парковите, со цел на крајот да се достигне до 100 милји (160 km) отворен простор.

“Њујорчани се трудат да одржуваат социјална дистанца, но свесни сме дека топлото време ќе донесе вистински предизвици. Затоа работиме на тоа да креираме што повеќе отворени улици каде тие ќе уживаат безбедно“ – напиша на својот Твитер профил, градоначалникот Бил Де Бласио.

 

Како дел од новата иницијатива, некои улици ќе се затворат целосно, додека други ќе имаат проширени тротоари за велосипедисти и пешаци.

Претходно и градот Оукенд најави дека ќе отвори 74 милји (119 км) улици за велосипедисти и пешаци. Сличен пример е и во Милано, Италија, од каде што соопштија дека ќе се реконструираат улици со цел да им се овозможи повеќе простор на луѓето кои пешачат или возат велосипеди.

Во Македонија, велосипедските активисти ја започнаа иницијативата #ПросторАнтиКорона и упатија отворено писмо до надлежните да реагираат на нивните барања.