Јутjуберка се омажи за Бред Пит од картон (видео)

Јутjуб личноста Триша Пејтас (Trisha Paytas) позната по нејзините контроверзни видеа, кон крајот на предходниот месец на јутjуб објави видео во кое најавува дека е свршена и наскоро ќе прави свадба. Голем дел од нејзината публика, познавајќи ја Триша веднаш претпоставуваше дека се работи за некој нејзин нов трик. Најчестите претпоставки беа дека веројатно ќе се “омажи“ со самата себе или дека се работи за снимање на некое музичко видео и слично.

Одкако се дигна фама околу нејзината венчавка, Триша објави официјално свадбено видео, во кое се прикажува церемонијата во која таа се мажи за Бред Пит од картон во природна големина (life-sized cardboard cutout). Во видеото Триша оди кон олтарот под рака со нејзината мајка, каде ја чека „Бред Пит“. Церемонијата вклучува вистински поп и размена на свадбени завети. “Никогаш не мислев дека ќе најдам некој кој никогаш нема да ме напушти, кој нема да ми пререкува и нема да ме суди за мојата лудост“ вели Триша во нејзиниот свадбен завет.