fbpx

Јусуфи Балажи: Kога сте фокусирани на здравјето на пациентот, заборавате на стравот

-

За време на кризата со корона вирусот речиси секој ден ја читаме реченицата „остани дома“, ова е многу важно, но не важи за оние во првите редови на фронтот, за медицинскиот персонал.

За епидемиологот Ларгиме Јусуфи Балажи зборовите како страв, замор или стрес повеќе немаат исто значење, затоа што таа живее со истите од почетокот на пандемијата, пренесува „Порталб.мк“.

Стравот е синоним за она што го чувствуваат повеќето граѓани последниве денови. Сепак, во удобноста и топлината на домот ова може дури и да се избегне или ублажи дури и со некои основни совети од психолозите.

Со давањето епитетот „херои“ или луѓето кои секојдневно се борат за нашите животи, често забораваме дека под белите мантили се кријат луѓе, чии потреби не се разликуваат од нашите.

„На работа, важно е да не се плашите за да останете фокусирани и да бидете колку што е можно посветени за да можете да бидете поефикасни во исполнувањето на одговорностите што ги носи самата работа. Самата професија, лекар, диктира ситуации при што понекогаш сте принудени да бидете под стрес, но со секојдневното соочување со вакви ситуации се прилагодувате за полесно да управувате со нив, па дури и да чувствувате задоволство кога ги надминувате“, истакна епидемиологот Ларгиме Јусуфи Балажи.

Медицината според нејзе не е само професија, туку нешто што во себе „носи хуманизам и некои норми кои се целосно посветени на пациентот“.

Затоа, ниту една ситуација, дури ни онаа на пандемијата со корона вирусот не може да биде посилна од хуманата природа и задоволството што лекарот го добива откако ќе му помогне на пациентот.

Освен заморот поради долгите работни часови, медицинскиот персонал во текот на овие денови на пандемија е принуден да носи и заштитна опрема, што може да биде неудобно, а честопати и да остави белези. Сепак, ова за епидемиологот е само еден од предизвиците што, на крајот на денот, ја тера да се чувствува победник над невидениот непријател.

„Личната заштитна облека или опрема е многу важен елемент за заштита на медицинскиот персонал и пациентите. Како епидемиолог во случај на епидемија или во конкретниот случај на пандемијата со Ковид-19, неизбежно морам да носам заштитен костуми, без оглед дали е пријатно или не, затоа што сме во директен контакт со заразени лица и само на тој начин создаваме заштитна бариера за нас самите, а со тоа го спречуваме и ширењето на инфекцијата“, вели Јусуфи Балажи.

Таа додава дека лекарската работа носи многу стрес и има моменти кога се чувствувате и загрозени, но кога сте фокусирани на здравјето на пациентот и се обидувате да дадете се од себе, заборавате сè и во ниту еден момент не размислувате за откажување.

Јусуфи Балажи ги повика сите граѓани да се придржуваат и да ги спроведат мерките утврдени од релевантните институции затоа што, според неа, тој начин тие не се штитат само себе си, туку и целото семејство и народот. Спроведувањето на мерки во моментов се единствената алтернатива што нè вади од оваа состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...