fbpx

ЈСП го призна превидот: Студентите на кои нема да им биде продолжен бесплатниот билет, да дојдат во дирекцијата

-

Случаите за кои се зборува и пишува во јавноста, а кои се однесуваат на тоа дека студенти не добиле бесплатен годишен билет за возење зашто им биле положени сите испити, ги сметаме за изолирани и во таков случај, ги повикуваме студентите кои ќе се најдат во ситуација да не им се продолжи билетот, а ги исполнуваат условите за истиот, да дојдат директно во дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје во Автокоманда. Ова е апел од претпријатието, откако „Мета.мк“ објави дека студентите кои немаат неположени испити, немаат право бесплатно да се возат со автобусите на ЈСП.

– Направен е ненамерен превид, се работи за изолиран случај, а тоа е нешто што не е случај во пракса. Условите за издавање на посочениот тип на билет се непроменети откако постои одлуката за бесплатен годишен студентски билет. Студентот во случај да ја продолжува картата пред почетокот на 2020 година, треба да има запишан зимски семестар. Тоа значи дека ако дојде сега да ја продолжи (март, април… кога се запишува летен семестар), неопходно е да има заверено зимски, а запишан летен семестар. Потоа, студентот треба да достави и потврда за редовен студент на државен факултет на територијата на град Скопје, индекс со соодветно заверен/запишан семестар, како што е објаснето погоре и лична карта на увид – појаснуваат во ЈСП.

Дополнителен услов, додаваат оттаму, има само кај оние студенти на кои до дипломирање им останале најмалку два неоложени испити.

– Во овој случај, студентот доколку сака да го продолжи правото на бесплатен превоз за 2020 година, со запишан зимски семестар, само во тој случај проверуваме дали има неположени најмалку два испита – појаснуваат во ЈСП.

„Мета.мк“ пред два дена објави дека редовните студенти кои посетуваат предавања на универзитетите, а кои на време си ги полагаат испитите, немаат право на бесплатен годишен студентски билет од Јавното сообраќајно претпријатие. Во група на Фејсбук, студентка од универзитетот „Гоце Делчев“ која студира на дисперзирани студии во главниот град, реагира дека била одбиена кога сакала да ја продолжи важноста на слободната карта, со образложение дека сите испити ѝ биле положени, поради што не ѝ следувало бесплатен превоз. Контактиравме со девојката која вели дека ова им се случило и на други студенти.

– Во две билетарници, вработените ми рекоа дека треба да имам три неположени предмети за да можат да направат да ми важи слободната карта. Јас сега сум трета година, а мојот факултет е со четири години. И ова не ми е кажано само мене, туку и на други студенти. Зимскиот семестар е во тек, сега е испитна сесија и се полагаат испити, но јас повторно морам да одам на факултет со автобус. Зарем треба сега да ги „паднам“ испитите за да добијам право на превоз? – револтирано праша студентката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...