fbpx

Јелинчич со невистина: Во договорите со Атина и Софија нема откажување од идентитетот!

-

Словенечкиот политичар и пратеник, Змаго Јелинчич – Племенити, даде изјава поврзана со состојбите во Република Северна Македонија, во која се содржат и невистинити тврдења – дека со Договорот од Преспа, Заев се откажал од сè македонско, а со потписот на Договорот за добрососедство со Бугарија се откажал од идентитетот и историјата на македонскиот народ, како и дека со усвојувањето на законот за двојазичност сака да ја федерализира државата. Но фактите говорат нешто друго, пишува „Вистиномер“.

Радикалните ставови, навредливиот речник и слично, Јелинчич ги гради врз три претпоставки – штетност на меѓународните договори на Скопје со Атина и Софија, за кои тврди дека се откажување од идентитетот, штетност на законот за јазици и незаконитост и неуставност при нивното донесување.

Првата невистина за договорите од Преспа и со Бугарија, за тоа дека е загубен идентитетот и историјата на македонскиот народ е добро образложувана повеќе пати од страна на „Вистиномер“. Имено, во ниту една точка од договорот со Атина и во ниту една точка од договорот со Софија, официјално Скопје се нема откажано од идентитетот, ниту од историјата. Како што е познато, еден од најаважните елементи на идентитетското прашање е јазикот, а македонскиот јазик се признава и во двата договора, односно во договорот со Бугарија не се ни спорни. Сосема друго прашање се ставовите на Бугарсата академија на науките (БАН) и нивното толкување за официјалниот јазик во земјата. Во поглед на историјата, исто така, нема откажување. Има, согласно компромисното решение, формирање на заеднички комисии со двете земји кои имаат задача да ги преразгледаат учебниците по историја во секоја од земјите – заеднички, пишува „Вистиномер“.

Што се однесува до ставот за Законот за јазиците, Јелинчич Племенитиот тврди дека Заев сакал со тоа да го направи уставотоворен народ албанското малцинство во земјата кое е под 20 отсто од вкупниот број на населението. Прво, Албанците, како и другите националности што не се мнозински народ во Република Северна Македонија се уставотворни и тоа уште од 1991 година, а позицијата е многу појасна со неколкуте измени на Уставот од 2001 година и подоцна. Второ, бројот на населението во земјава е непознаница подолго време со оглед на познатите проблеми околу пописот. Поради тоа, невистина е ако некој претендира дека знае точно колку Албанци, на пример, живеат во Македонија во моментов, стои во текстот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...