fbpx

Селфи на Заев со Ципрас пред Владата

-

Македонскиот премиер Зоран Заев на пречекот на својот грчки колега Алексис Ципрас на платото пред Владата го искористи моментот да го извади својто мобилен телефон и направи селфи од двајцата.

Колоната на грчкиот премиер од скопскиот аеродром пристигна пред Владата околу 10.15 часот, при што Ципрас, по излегувањето од возилото на грчката амбасада во Скопје, беше пречекан од премиерот Заев.

Потоа двајцата се упатија пред групата фоторепортери и сниматели, по што Заев на изненадување на својот грчки колега, го извади мобилниот телефон и направи селфи. Тоа го повтори уште еднаш, откако Ципрас беше поздравен од шпалирот македонски и грчки министри.

Прва од министрите Ципрас го поздрави вицепремиерката Радмила Шекеринска, по која во редот беше Оливер Спасовски, а потоа Бујар Османи и Кочо Анѓушев.

Пред влегувањето не беа интонирани химните на двете држави, а немаше ниту пречек од Гардата на АРМ.

По влезот во Владата, двајцата премиери се упатија во кабинетот на Заев, каде што македонскиот премиер со гордост му ги покажуваше врамените фотографии од неговите средби, при што со посебен пиетет покажа кон фотографијата од двајцата на потпишувањето на Преспанскиот договор на 17 јуни минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...