fbpx

Почна претседателската кампања, Силјановска стартуваше по полноќ од родната куќа во Охрид

-

Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река денеска ја почнуваат кампањата за шестите претседателски избори.

Кампањата на Силјановска-Давкова, која е претседателски кандидадат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, почна од Охрид, кратко по полноќ, пред нејзината родна куќа.

Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Пендаровски ќе го стартува своето претставување пред гласачите во Прилеп, а Река, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците и движењето Беса, од Скопје.

Кампањата за претседателски избори ќе трае до 19 април, по што следува 24-часовен изборен молк, пред денот на гласањето.

Според најавите од изборните штабови, кандидатите ќе ги посетат речиси сите населени места, ќе имат средби со граѓани и митинзи во поголемите градови. Ветуваат мирна и фер кампања.

На еден ден пред официјалниот старт на кампањата, кандидатите за нов шеф на државата во просториите на Државната изборна комисија потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...