fbpx

Народна банка ја одбележува Глобалната недела на парите

-

Народна банка од денеска ќе започне со одбележување на традиционалната Глобална недела на парите, со бројни активности од сферата на финансиската едукација.

„Народната банка ќе оствари голем број активности за јакнење на свеста за потребата од поголема финансиска писменост, а истовремено ќе ги промовира и предностите од поголема финансиска вклученост. Впрочем, како своевидна најава на активностите, од вчера Народната банка започна да го објавува серијалот текстови „Економија за секого“, преку кој, на едноставен јазик, за пошироката јавност ќе се објаснат одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството. Со овој серијал, Народната банка се вбројува во редот на центролнобанкарските институции со слични вакви активности, како дел од нивните напори за поголема едукација на населението“, информираат од Народна банка.

Од таму додаваат дека ќе започнат и со едукативен караван, a поканети се и обезбеден е превоз за учениците од неколку училишта, главно од рурални делови на земјава, за да ги посетат централната банка и другите регулаторни институции на финансискиот систем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...