fbpx

Мрежата СТЕП оформи четири заеднички туристички пакети за Полог и Елбасан

-

На дводневна работилница што се одржа во Грамш, во регионот Елбасан во Албанија, минатата седмица, СТЕП – проектот за зајакнување на иновативен туризам” оформи четири туристички пакети што ќе се реализираат заеднички во регионите Полог во Македонија и во Елбасан.

Во втората работилница од овој тип учествуваа повеќе од 50 субјекти што се занимаваат со туристички дејности: туристички агенции, хотели, хостели, ресторани, но и лица кои поседуваат сопствени сместувачки капацитети во двата погранични региона.

Четири одделни групи работеа на понатамошно развивање на конкретните содржини во рамките на различни туристички пакети, според презентираниот стандард на СТЕП програмата од страна на Флорент Бајрами – координатор на проектот СТЕП.

Првиот пакет наречен „Рурален туризам и екологија – „Традицијата на Елбасан и Полог“ ќе вклучува производство на маслиново масло, посета на повеќе пештери, бањи и други природни и културни знаменитости во регионот Елбасан како што се кањонот на Холта, бањите на Елбасан, дегустација на локални вина, како и посета на повеќе села, прошетка со коњи, и посета на културни и природни знаменитости во регионот Полог како што се Попова Шапка, Шарена Џамија, селото Јанче и манастирот „Свети Јован Бигорски“.

Вториот пакет „Историја и култура„До Jадран преку Шкумбин” вклучува посета на повеќе културолошко-историски знаменитости како што се Скопска Стара Чаршија, кањонот на Матка, Попова Шапка, Шарена Џамија во Тетово, Саат кулата, изворот на Вардар во Вруток, како и посета на делови од Виа Егнација, но  Калето и Саат кулата во Пеќин, реката Шкумбин и други. Фокусот на овој пакет е да се промовира богатата историја и култура на Албанија и Република Северна Македонија, со особен акцент на регионите Елбасан и Полог.

Третиот пакет е наменет за авантуристи. Под името „Авантура Зелен појас Република Северна Македонија – Албанија“ , тој нуди активности како посета на Матка со кајакарење, искачување на Титов Врв, како и mountain bike тура околу Мавровско Езеро во Република Северна Македонија. Во регионот Елбасан активностите вклучуваат  посета на националниот парк Шебеник-Јабланица, астротуризам со набљудување на ѕвезди на планината Калкан со преспивање во шатори, како и посета на долината Рајце Скендербег која е заштитена од УНЕСКО.

Четвртиот пакет „Храна и пијалок (гастрономија)„Да се храниме на традиционален начин има цел да ги запознае туристите со деликатесите на регионите Елбасан и Полог, а дел од активностите се: посета на бањите во Елбасан, традицонален ручек во Ѓинар и вечера со традицонална музика, Kitchen Show во село Јанче со локални деликатеси, посета на Бегова Куќа и Саат Кулата во Гостивар, како и мала работилница за подготовка на традицонални јадења.

Проектот СТЕП го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ со партнерите, Центар за развој на Полошкиот плански регион и Советот на округот Елбасан, и е финансиран од страна на Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...