fbpx

Компаниите очекуваат дека оваа година ќе биде многу подобра од лани

-

Економска ситуација во земјата лани 5 проценти од компаниите ја оцениле како добра, 56 проценти како лоша, 39 проценти како задоволителна, покажува 14. Анкета за деловната клима во Македонија спроведена од страна на Македонско-германското стопанско здружение и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

За оваа година пак, компаниите се оптимисти во однос на очекувања односно 22 проценти сметаат дека состојбите во стопанството ќе се подобрат, 54 проценти не очекуваат да има поголеми промени, 24 проценти се песимисти и очекуваат да се влошат.

„61 процент од испитаниците се задоволни од состојбите во сопствената компанија, што претставува одличен показател, воедно кај компаниите се чувствува и оптимизам во однос на економскиот развој за 2019. Годината започна веќе со неколку нови инвестиции, а 76 проценти од испитаните компании повторно би инвестирале во земјата. Во Северна Македонија работат повеќе од 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица, што игра важна улога на пазарот на трудот. Во 2018 трговската размена помеѓу Северна Македонија и Германија бележи голем раст и достигна промет од рекордни 3.646 милијарди евра“, изјави Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение.

Компаниите се задоволни од трошоците за труд, продуктивноста и подготвеноста за работа на персоналот. А како и во изминатите години ги критикуваат борбата против корупција и криминалот, ефикасноста на јавната администрација, правната сигурност, даночните оптоварување и предвидливоста на политиката која се води во однос на стопанството.

Во однос на планираните инвестиции 43 отсто од компаниите планираат да ги зголемат, 48 отсто не планираат нови инвестиции, 10 отсто планираат да ги намалат своите инвестиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...