fbpx

ИЈЗ за депонијата во Шутка: Итно преместување, дезинфекција и вакцинација

-

По пријавата од „Порталб.мк“, на 11 март 2019 година, Институтот за јавно здравје спроведе тестирање на штетите во дивата депонија помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, во близина на хотелот „Њу Стар“. Откако евидентира некои големи недостатоци, ИЈЗ препорача итно да се спроведе преместување на депонијата, во постојната локација да се изврши дезинфекција и дератизација, и да се спроведе вакцинација на лицата кои управувале со таа депонија, пренесува „Порталб.мк“.

„Депонија претставува сериозна закана за јавното здравје. Се препорачува под итно да се забрани фрлањето отпад во наведената локација, помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, во близина на хотелот „Њу Стар”. Мора да се изврши преместување на локацијата за истовар на отпадоци и тоа треба да се спроведе во согласност со законските прописи, како и да се изврши долгорочна санација на експлоатираната  локација, вклучувајќи дезинфекција и дератизација. Одговорните институции и општините треба итно да обезбедат безбедна локација за истовар на отпадоци, која ќе ги задоволи сите елементи предвидени со законите и прописите во оваа област, а при утврдувањето на локацијата треба да се вклучат стручни лица – специјалисти за јавно здравје кои ќе ги проценат ризиците и аспектот на јавното здравје”, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Дека ситуација е поалармантна, ИЈЗ докажа дека депонијата се наоѓа во близина на резервоарот за водоснабдување на Скопје и на Центарот за сместување мигранти.

„Ова покажува дека постои опасност од загадување на почвата и подземните води кои се наоѓаат во близина на резервоарот за вода на град Скопје. Освен што во оваа нелегална локација не е вршена редовна дезинфекција и дератизација, не се вакцинирани ниту лицата кои управувале со депонијата”, се додава во извештајот.

Во извештајот, изготвен од Драган Ѓорѓев и Мирјана Димовска, во однос на дивите депонии или локации каде незаконски и постојано се фрлаат отпадоци, во овој дел на Скопје се евидентирани 2-3 локации, во кои поради недоволниот број вработени во службите, не е можно ефективно да се спречи фрлањето отпад од страна на различни физички и правни лица.

Од Општината биле организирани патроли до 16 часот, а потоа фрлањето отпадоци било небезбедно и неконтролирано.

Понатаму, во извештајот се вели дека при контролата, не е пронајдена документација која би го дефинирала правниот статус на депонијата, и истата не е предвидена со урбанистичките планови и работи на начин што не е во согласност со постојните правилници.

„Контрола и недостатокот на било каков документ, докажуваат дека се работи депонија нехигиенска /на отпадоци од отворен тип, во која континуирано и подолг временски период е фрлан различен отпад, вклучувајќи и градежен отпад“, се додава во соопштение.

ИЈЗ проценува дека, поради фактот што депонијата се наоѓа на 6-7 километри воздушна линија од Скопје, зависно од правецот на ветриштата, ширењето на чадот, реата и гасовите, може да претставува потенцијална закана по здравјето на граѓаните во делови од Скопје, во населбите Бутел, “Скопје Север”, Волково, Ѓорѓе Петров и други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...