fbpx

Администрацијата и институциите растат, наместо да се намалуваат (инфографик)

-

Иако се очекуваше со реформите на јавната администрација, според препораките на експертите, бројот на вработените во јавниот сектор да се намали, сепак официјалните бројки покажуваат дека таа се зголемила. Власта тврди дека вработувањата биле неопходни, пишува „Порталб“.

Бројот на вработени во јавниот сектор до 31 декември 2018 година е 132.068 распоредени во 1.314 институции, а во 2017 имало 1.299 институции и 128.722 вработени, што значи бројката на вработени се зголемила за 3.346, а бројката на институции за 15.

Доколку во пресметката се вклучат и вработените во акционерските друштва во државна сопственост и оние ангажирани преку агенциите за привремени вработувања, бројката на вработени во јавниот сектор изнесува 143.183. Во 2017 година, пак, имало 139.099, односно 4.084 повеќе.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, вели дека вработувањата биле неопходност, поради потребата да се пополнат работни места.
– Од вкупниот број нови вработувања, 2.156 се во образованието и секторот труд и социјална политика. Има нови вработувања во 30 центри за социјална работа, девет институции за социјална заштита и 67 градинки низ целата земја – вели Манчевски.

Претходно тој рече дека годинава се очекува реорганизација на некои институции и нивно намалување, но тоа не се случи, пишува „Порталб“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...