Фирмата „Sony“ соочена со тужба од здруженија на гејмери, експлицитно даде до знаење дека купените дигитални игри за „PlayStation 5“ (и претходни верзии на конзолата) не се сметаат како сопственост на корисниците и дека корисниците се сосема свесни за тоа. Што не е така.
„Sony“ изјавија дека цитирам: „разумните конзументи нема да бидат излажани“-a Стивен Тотило од вебсајтот „Gamefiles“ во продолжение дообјаснува : „за да мислат дека ги поседуваат игрите за кои веќе платиле“ -. Ова дојде како шок за играчите на конзолата „PlayStation 5“ (PS5) иако долго се претпоставуваше дека гејминг индустријата ќе превзема директно и на правна сила за сопствеништво над игри што веќе ги продале. А просечната цена за новите хит игри се движи од 60 до 80 евра по купена видеоигра.
Наговестувањето на вакви случувања и за „Steam“ на „Valve“ и за Battle.net платформата на „Близард“ е обработено во претходен релативно неодамнешен напис што може да го прочитате овде.
Што точно се случувало, објави Стивен Тотило, кој да го парафразираме накратко вели дека на 21 август дадената тема била ставена на дневен ред во окружниот суд на северна Калифорнија каде „Sony“ ги дало овие тврдења за да одговори на тужбата спремена од група гејмери и нивните адвокати во јуни годинава, во однос на законите на Калифорнија кои се недоследни и не ги заштитуваат сопственостите на гејмерите со сегашните регулативи.
Просто главниот аргумент на гејмерите е и вистинската страна -дека се работи за глобален случај каде луѓе плаќаат за видеоигри- за да не ги поседуваат, како никогаш да не ги купиле -и „Sony“ има право да ги тргне игрите или да им ги земе или избрише корисничките сметки на играчите и како што велат „конзументите“ дека тие како производители се заштитени со правни клаузули и кориснички договори „потпишани со еден клик од гејмери“ кои мора на сè да се согласат за да пристапат и играат игра што ја купиле. „Sony“ го задржуваат и правото да си го затворат секој сервис без да им рефундираат потрошени средства на гемерите -односно без ретроактивна надокнада на потрошените монетарни средства.
Засилувањето на оваа полиса на однесување на најголемите гејминг конгломерати и нивни сервиси -кој е законски нелогичен, но функционално очигледно остварлив е типичен начин на обесправување на гејмерите. Дали и другите гејминг фирми ќе го следат овој пример времето ќе покаже. Иако Гејмерите го сметаат ова за тотално незаконско и лошо од што произлегоа активни тужби.
И во целиов овој апсурд -големите фирми се преправаат дека се сосема коректни -кога всушност се далеку од тоа бидејќи -уште во старт „поставиле минско поле“ од клаузоли и нивни правила кое нив ги штитат на свесна штета на корисниците кои немаат избор освен да се согласат за да пристапат на веќе купена најчесто скапа оригинална видеоигра. Се очекува да се појават и понатамошни правни иницијативи и контри на страната на гејмерите наспроти геминг корпорациите во индустријата на видеоигри токму по гореспоменатите прашања, бидејќи во основа се работи за тешка и глобална злоупотреба на правата за сопствеништво.
