Развитокот на серијалот „Assassin’s Creed“ игрите е во застој токму поради преголем неочекуван успех на играта „Black Flag Resynced“.
Се работи за модерно преработена верзија на „Assassin’s Creed IV: Black Flag“ што непосредно по излегувањето направи профит за развивачите од „Ubisoft“ од 3,5 милиони продадени копии од играта во првите 14 дена.
Парадоксално резултираше со тоа да се направи застој во идното скорешно правење игри од оваа франшиза затоа девелоперите не очекувале толкав успех и тоа драстично им ги смени плановите.
Жан Гедoн главниот девелопер за содржини за серијалот излезе со нов напис и видео, и изјави дека: „Нема нови Assassin’s Creed римејкови во изработка“ и зборуваше за планови на иднината на франшизата.
За овој серијал игри имаме повеќе написи што може да ги прочитате на следниот линк. Додека за скорешната најуспешна игра- римејкот на четворката „AC IV: Black Flag“ информираме откако беше првонајавена како најнова верзија на постара екстремно успешна видеоигра, чија популарност драстично се реактулезира со нова графика и додатоци -за кои може да прочитате овде.
За идниот настан односно самата 20 годишнина на серијалот што ќе биде следната година во Ноември 2027 год. – ќе се прослави со тоа што играчите ќе добијат поклони во игрите, што најверојатно ќе бидат скинови за различни сетови на облеки и униформи на асасини како и скинови и сосема нови оружја во веќе постоечките игри. Имаше случај со Assassin’s Creed 3 каде за да добиете одреден меч по краток квест се продаваше како нова DLC содржина.
А овие колекции на скинови и оружја им се важни на играчите на серијалот кои сакаат целосно да ги комплетираат своите „соби оружарници“ во игрите-затоа што обично за да се стекнат досега се поминуваа тешки мисии или достигнувања (ачивменти) зад кои има доста „грајнд“ (форсирани репетитивни активности за поени или ресурси) и работа да се комплетираат за да се залужи и освои одреден скин. За важноста на „скиновите“ општо во видеоигрите имаме посебен напис што може да го прочитате овде.
Сепак најавени се уште неколку Assassins Creed наслови, но никој од нив нема да излезе скоро. Најочекуван и најинтересен е проектот насловен „AC Infinity“ за кој можете да прочитате повеќе во постар напис каде беше првонајавен тука, кој би требало да ги обедини сите AC игри, од кои новонајавени се AC: Hexe која ќе биде сместена во 16ти век и ќе биде со најмрачна тематика и хорор атмосфера од сите AC игри досега -игра за која уште нема конкретни детали и AC: Invictus -PvP играта во најава каде играчите ќе можат да се борат едни против други, за која може повеќе да прочитате овде.
