Железници на Република Македонија, Транспорт АД-Скопје, информира дека, како општествено одговорна компанија, се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, познат како корона вирус, откако Владата донесе мерки за превенција од вирусот и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните.

„За таа цел, специјализиран тим, во понеделникот ги дезинфицираше возовите што моментно се во оптек, поточно четирите гарнитури и четирите вагони кои превезуваат патници на различни релации. Акцијата, започната денес, за превентивна дезинфекција против ширењето на овој вирус, ќе се повтори и во иднина, по потреба“, информираат од Железници.