Феликс „Пјудипаи” Келберг (PewDiePie) стана првиот соло креатор кој достигна 100 милиони следачи на YouTube. Феликс е јутубер од Шведска кој креира видеа и ги објавува на YouTube од 2010 година. Тој најчесто објавува гејминг и комични видеа кои допираат особено до младата публика, најмногу заради неговиот интересен карактер и интересниот начин на кој ги претставува работите. Неговиот канал е еден од најбрзорастечките канали на платформата и е познат како канал кој генерално има најмногу претплатници на YouTube. Во последните 9 години бил симнат од тронот само два пати, на кратко во 2013 година, па дури на почетокот на 2019 година од страна на Т-Сериес (T-Series) – индиска продукциска компанија за музика и филмови. Всушност Т-Сериес е каналот кој го претрка Пјудипаи и во мај годинава стана првиот YouTube канал кој достигна 100 милиони следбеници. Сепак симпатиите на YouTube публиката се насочени кон Феликс бидејќи тој е само еден човек кој почнал да прави видеа во својот дом и со напорна работа и секојдневно постирање на видеа постигнал навистина многу.

Феликс можеби е во битка со Боливуд, но неговиот живот моментално е вистинска Холивудскабајка бидејќи во истата недела кога го пречекори прагот од 100 милиони следбеници, зачекори и кон олтарот и се ожени со неговата долгогодишна девојка Марсија. YouTube заедницата ја прослави нивната свадба како вистинска кралска свадба.