Лили Синг или повеќе позната под псевдонимот “IISuperwomanII” станува првата жена водителка на Late night шоу. Веќе со години таа е една од најпознатите јутуберки во светот, која моментално има речиси 15 милиони претплатници на незиниот jутуб канал. Таа е една од многуте јутуб ѕвезди кои ја користат својата јутуб платформа и искуството кое го стекнуваат креирајќи видеа, за да се пробијат и во други делови на забавната индустрија. Лили веќе се има појавено во холивудски филм со Мајкл Б. Џордан, а зад себе има неколку светски турнеи и има напишано книга која беше број еден на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“.

Лили го започнува својот канал во 2010 година под псевдонимот Супервоман, откако завршува факултет за психологија. Вели дека во тоа време била во длабока депресија и била многу несреќна бидејќи навистина не сакала да го работи тоа што го учела, а имала и дополнителен притисок од семејството да продолжи на мастер студии. Креирањето на видеа за на јутуб за неа претставувало еден вид на бегство од реалноста и навистина ја правело среќна. Бидејќи почнала да постира видеа кои првенствено ставаат насмевка на незиното лице, видеата почнале да ставаат насмевки и на лицата кои ги гледаат, па бројот на незините претплатници и фанови брзо растел.

Во тоа време Јутуб сè уште беше нова платформа и не постоеше професија јутубер. Не беше возможно да се заработува, но таа работела на својот канал од љубов, а не за да заработи. Сепак токму таа пасија, години подоцна ја носи до листата на Форбс за 10 најплатени jутубери, со заработени 10 милиони долари годишно.

Во незината јутуб кариера има соработувано со многу светски ѕвезди како Вил Смит, Бил Гејтс, Мишел Обама, Алиша Кис, но најзначајни се незините многубројни соработки со незиниот идол од детството The Rock со кој низ годините оформува вистинско пријателство.

Првата епизода од незиното шоу ќе се емитува на 16 септември. Целото искуство кое што Лили го има стекнато со својот јутуб канал одлично се вклопува во форматот на ваковиот тип на шоуа, а објавата дека токму таа е новиот водител доби навистина позитивни реакции.