fbpx

Јавниот превоз во Скопје во првото полугодие изгубил речиси 300.000 патници

Со градските автобуси во периодот јануари - јуни 2019 година патувале 22.271.180 патници, односно за 1,3 отсто помалку во однос на идентичниот период лани. Со скопскиот јавен превоз годинава биле превезени над 285.000 патници помалку

-

И во 2019 година продолжил трендот на опаѓање на бројот на патници што го користат јавниот превоз во Скопје. Според последниот Финансиски извештај на ЈСП – Скопје, со градските автобуси во периодот јануари – јуни 2019 година патувале 22.271.180 патници, односно за 1,3 отсто помалку во однос на идентичниот период лани. Во скопскиот јавен превоз годинава биле превезени над 285.000 патници помалку.

Бројот на просечно дневно исправни автобуси во првото полугодие изнесувал 262, односно за 20 автобуси помалку во споредба со истиот период од 2018 година. На само 16 автобуси се намалил и просечниот број на автобуси кои се наоѓаат во резерва за одржување на линиите. ЈСП – Скопје во моментов го финализира тендерот за набавка на нови 30 до 40 единечни и зглобни автобуси, при што во наредните недели ќе се соопшти и производителот од каде ќе се набави модерниот возниот парк.

Подновувањето на возниот парк треба да го зголеми просечниот број на автобуси со кои ќе се опслужува градско – приградскиот транспорт во Скопје, но и да ја зголеми атрактивноста за користење на јавниот превоз од граѓаните. Овогодинешното намалување на бројката на патници не е исклучок, туку во континуитет трае во изминативе 5 години.

Податоците на ЈСП – Скопје покажуваат дека во 2014 година со градските автобуси биле превезени 52,9 милиони патници, додека лани јавниот превоз го користеле 8 милиони патници помалку. Со ваквиот негативен тренд, постои голема можност ЈСП годинава да заврши со уште помал број на превезени патници годишно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...