Јавниот повик до авиокомпаниите за враќање на 148 граѓани од Малта и 226 од Загреб, ќе трае до вечер до 22 часот

-

Владата информира дека денеска објави јавен повик за организирање авионски превоз за пренесување на македонски граѓани во Македонија со моментален престој во странство, по претходно составена листа на пријавени патници од МНР. Соопштено е дека за дестинации за чартер летови се утврдени Малта – Скопје (148 патници) и Загреб – Скопје (226 патници).

„Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27 март 2020 година (петок) до 12:00 часот. Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Македонија. Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена“, соопштија од Владата.

„Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе ја плати избраната понуда врз основа на дадениот критериум за избор. Понудите да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: [email protected]. Јавниот повик ќе трае 12 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите да се достават најдоцна до 25.03.2020 година до 22:00 часот“, стои во владиното соопштение.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...