Поради глобалните мерки за ограничено движење за превенција од ширењето на корона вирусот, студенти во Токио не присуствуваа на традиционална церемонија за дипломирањето. Сепак, тие имаа можност да ги „добијат“ дипломите на поинаков, но иновативен начин.

Во хотелот „Гранд Палас“ во Токио, се одржа церемонија која беше делумно вирутелна, со физичко присуство на четири студенти и неколку администратори. Преку „Newme“ апликација и повик на „Зум“, се испочитува мерката за социјално дистанцирање. Роботите, кои всушност ги претставуваа студентите, имаа таблет наместо лице и беа облечени во типични постдипломски капи и наметки.