Од статус проследен со фотографија на корисничкиот профил на „Фејсбук“ на Шек Халачи, авторот на статијата „Еве што му рече Јанева на скајп на Шек Халачи“ авторот на статијата извлекол ваква констатација:

Шек Халачи, затвореник од групата од Куманово, комуницираше со Катица Јанева на „Скајп“, која исто така е во затвор – пишува во текстот.

Подолу е целосниот текст на Шек Халачи, но никаде не се прецизира дека станува збор за разговор на „Скајп“, анализира „КриТинк“.

Овој впечаток можеме да го добиеме само од фотографијата и контекстот во кој е користен, но објавувачот не го објаснува тоа. Воедно, не може да се оцени дали фотографијата е вистинска или е монтажа.

Освен што недостасува официјална или неофицијална потврда дека навистина имало разговор на „Скајп“ помеѓу поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и еден од осудените за случајот Куманово со корисничко име на социјалните мрежи Шек Халачи, проблематичен е и насловот. Со насловот читателите се доведуваат во заблуда со тврдењето – „Еве што му рече Катица Јанева на Скајп на Шек Халачи“, а во текстот такви информации нема. Во целосниот текст на постот на „Фејсбук“ се поставуваат некои прашања, а во вториот дел се наведуваат некои констатации на Шек Халачи, пишува „КриТинк“.