Основниот кривичен суд изрече затворска казна на заканувачот Емил Јакимовски на една година и осум месеци, но претходно треба да биде на задолжително лекување во психијатриската болница во Бардовци поради утврдено психичко растројство. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба.

Oбвинителството поднесе обвинителен предлог против него за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство) и за едно кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем).

Тој на јавноста ѝ стана познат откако новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска алармираа за навредите и заканите.

Јакимовски потоа доби отказ од директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска – Јанковски поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор, бидејќи слични закани и упатувал и нејзе.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.