Може да се очекуваат големи поскапувања на струјата доколку производството базирано на јаглен не се замени со производство од други економски и еколошки поисплатливи извори. Ова е главната порака што Европската енергетска заедница ја упати до нашата земја и другите држави од Југоисточна Европа и од регионот на Црно Море кои треба да станат дел од внатрешниот енергетски пазар на ЕУ.

Оттаму укажуваат дека земјите од ЈИЕ плус Украина ги поддржуваат капацитетите за производство на струја од јаглен со 2,4 милијарди евра годишно и дека без државна помош ниту една од термоелектраните не би работела без загуби.

Без соодветна замена со други извори на енергија, цената на струјата намената за  домаќинствата во земјава би се зголемила за 29 отсто, за 23 отсто во Косово, за 31 отсто во БиХ, за 37 отсто во Црна Гора и  за 49 отсто во Србија.

Во такви услови, цената за индустриските потрошувачи би се зголемила за 34 отсто во државава, за 36 отсто во Црна Гора, 30 отсто во БиХ, 18 отсто во Србија.