Во рамките на посетата на владината делегација на Република Грција, денес, во просториите на Македонски енергетски ресурси (МЕР) се потпиша протокол за соработка како анекс на меморандумот потпишан во 2016 година, кој ги дефинира техничките и финансиските аспекти на интерконекцискиот вод меѓу МЕР и грчкиот национален оператор на гас ДЕСФА.

„Со анексот се продлабочува и соработката на АД МЕР и ДЕСФА, од аспект на градење на капацитетите, до усовршување на кадри и забрзување на постапките за градење на овој важен интерконектор за државата“, се вели во соопштението на МЕР.

Инаку, во фаза на реализација е и интерконекцијата на гасоводната мрежа на нашата земја со гасоводот на Грција како алтернатива за стабилно снабдување на гас.