Министерството за одбрана подготвува предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се дефинираат правилата за ангажман на нашите војници во мисиите на НАТО.

„Со овој предлог на закон ќе се овозможи распоредување на припадниците на Република Северна Македонија надвор од територијата Република Северна Македонија во операции и мисии на НАТО на задолжителна основа, како и непречено распоредување и транзит низ Република Северна Македонија, на силите и капацитетите на НАТО“, пишува во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР).

Како главна цел на предлогот се наведува продолжување на реформите во одбраната на Република Северна Македонија.