Летното сметање на времето во Македонија ќе почне в недела, соопшти Министерството за економија.

Според оваа владина одредба, летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 2 часот и притоа стрелките на часовниците треба да се поместат еден час нанапред, за да покажуваат 3 часот.

Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 3 часот.

Вчера Европскиот парламент донесе директива со која промената од летно во зимско сметање треба да заврши во 2021 година, односно во месеците март и октомври во таа година.