Штотуку беше најавена нова корејска видеоигра „Project Tal“ испирирана од богатата култура на Тал маските од Кореја. Се работи за впечатливите театарски фестивали, но овојпат играта е хорор верзија што се манифестира во сетинг на крвава souls-like игра со голем број очигледни и контекстуални симболики-особено со непријателите.

 

Во оваа игра како и во повеќето souls-like игри (игри инспирирани од Darksouls серијалот) се препознаваат елементи со многу слични атмосфери како во Elden Ring, Black Myth:Wukong, Nioh серијалот и ред други игри од овој тип на видеоигри. Со една битна разлика што во играта играте со цела група придружниците – дружина каде секој лик е различен. Еден користи лак и стрела, друг меч и штит трет е волшебник и фрла огнени магии на непријатели. Систем карактеристичен за игрите Dragon’s Dogma 1 и 2 од кои вториот дел релативно неодамна беше многу популарен и за Dragon’s Dogma 2 имаме и посебен напис на следниов линк.

Но покрај способноста за качување по телото на главните – во Project Tal ако ве лансира бос со удар и летнете во воздух буквално може да ве фати NPC пријател од дружината да не треснете на земја, што дури и изгледа комично покрај крвавоста и мрачноста на играта. 

Присутноста на хумор и комични елементи се асоцира со уличниот театар на „Тал чум“ или Тал Маските (кои најглавните непријатели ги носат) каде е охрабрена употребата на хумор во претставите како и интервенции за таа цел од публиката. За Тал маските одвоивме 10 минутен документарец којшто ги објаснува традиционалните и културни вредности на корејските народни обичаи:

Што се однесува до симболиките зад непријателите во играта -овде девелоперите станале навистина инвентивни, дека во Souls игрите во последно време -токму поради тоа што овој тип на игри потсетуваат константно една на друга- најразличната карактеристика е гротекскниот дизајн на непријателите -особено најважните клучни босеви -дизајни на чудовишта и негативци што играат огромна улога за привлечноста на ваквите игри. На пример има непријател џин што носи повеќе најпознати Тал маски -што е симболика за дволични луѓе кои “имаат многу лица”. 

Има јавач на змеј со огромна моќ што се спушта од високо од небото и се бори против херои кои се луѓе. Во сленгот на  Американската Култура фразата “Да се јава Змеј” уште од 1960тите години означува користење на опиум, што оригинира од азиските и индиските краеви на земјината топка. Подоцна оваа фраза преминува во американски сленг синоним и означува  зависност од сите тешки дроги. Секако во подконтекст ова е и коментар на адиктивноста кон видеоигри. Но има и други позајмени симболики кои се тотално пресликани од други рефернци -како окото на Саурон од Господарот на Прстените на крајот од трејлерот што може да се види на следниот скриншот: 

Окото на Sauron од LOTR филмовите во играта Project Tal
Фото: Окото на Sauron од LOTR филмовите во играта Project Tal

Сепак не се сите Главни непријатели само земени од Корејската митологија. Како непријател се борите и против божицата Кали -која е џиновск жена божица со ореол од сонце и повеќе раце -од индиската хиндуистичка традиција што воопшто не е чудно што повлијаела и на корејската традиција. 

Project Tal Kali Boss скриншот од YouTube
Фото: Project Tal Kali Boss скриншот од Јутјуб

Интересно е што финишерот -краен потег за убивање на главни со анимација кој треба да се тригира во краток временски интервал- откако ќе ја удрите Кали во главата и таа ќе падне -главниот јунак и скока од зад грб и го зарива мечот и ‘и го сече целиот р’бет од долу нагоре сосе мозокот во главата. Иако ова е одвратно прикажано насилство-сепак е поврзано со грубо гротексно пародизирање на техниките на Јога и медитации што потекнуваат што пропагираат дека ако правилно се медитира енергијата на Кали се качува и извртува од долу до главата во вид на енергија што струи низ р’бетот во нагоре насочени спирали како огнена змија при просветлување со наклоност кон и од Кали. Што за жал е имагинарно, а реномирани и обични медицински научни лица тврдат дека добрите здравствени ефекти од Јогата се поради физичко истегнување и вежби, а највеќе е до вежбите за дишење и честото длабоко дишење, а не дека постојат мистични моќи и контрола на витални енергии со размислување и фантазирање за истите- за кои ако се употреби разум лесно ќе се сфати дека сето тоа во реалноста не функционира така и навистина тие извртени сфаќања се само просто имагинарни и фантазиски. 

Но овојпат имагинацијата и фантазиите од Корејската Митологија низ инвентивно играње со идеи претворена во видеоигра -ширум светот предизвика огромно внимание кај гејмерите и гејмерките, иако играта Project Tal е најавена да излезе дури за две години од сега во 2027 година за новата генерација-„Next Gen“ на персонални компјутери и најпознати конзоли како Плејстејшн и Икс Бокс кои се очекува да излезат токму тогаш.