Импресум 2025
Горан Ризаов
Професионален новинар со повеќегодишно искуство во печатените и електронски медиуми. Тој е дипломиран новинар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2015 година ја доби наградата за истражувачко новинарство „Никола Младенов“. Во 2012 година беше дел од Балканската стипендија за новинарска извонредност.
Антонија Поповска
Професионална новинарка со долгогодишно работно искуство во професијата. Дипломирала на отсекот новинарство на Правен факултет „Јустинијан Први“. Добитничка е на награди и признанија за објавени текстови и стории, учесничка во неколку интернационални проекти за истражувачко новинарство и авторка на успешни проекти од областа на образованието. Во Новинската агенција Мета е повеќе од четири години. Ресорите кои ги покрива се образование, здравство и социјала.
Антонија Јаневска
Студентка по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ која со работа во Мета.мк започнува по посета на обука за визуелизација на податоци, организирана од фондацијата Метаморфозис. Работи во покривање на дневните вести и теми интересни за младите од дигиталниот свет, покривајќи ги најновите културни феномени.
Сања Наумовска
Долгогодишен новинар што се занимава со теми од екологијата, економијата и локалната самоуправа. Кариерата ја започнува во 2000 година во дневниот весник „Утрински весник“, каде работи до неговото затворање во 2017 година, по што професионално е ангажирана во дневниот весник „Независен весник“ и интернет порталот „Иновативност“. Од 2020 година работи во Новинската агенција Мета, каде ги покрива прашањата за заштитата на животната средина и енергетиката.
Марио Спасевски
Млад новинар кој медиумската работа ја почнува во студентските денови како гејминг-новинар и работник на повеќе медиуми за поп култура. Уредник и водител на подкасти. Во Мета.мк работи во покривање на дневни вести и теми кои што ги засегаат младите и културата во Македонија. Вклучен е и во активностите на медиумот на социјалните мрежи, продукција на видеа и интервјуа.