Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо од вчера, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

Под влијание на посвежа воздушна маса утре и в четврток ќе се задржи променливо облачно, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура дополнително ќе се намали за уште 3 до 4 Целзиусови степени во однос на денешната.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.