На вчерашната 128. седница, Владата донесе одлуката за одобрување на средства од буџетот наменети за првиот дел од кампањата за претседателските избори на барање на Државната изборна комисија во висина од 100 милиони денари, информираат од таму.

Кампањата за шестите претседателски избори почна вчера, а во трка се Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.

Кампањата ќе трае до 19 април, по што следува 24-часовен изборен молк, пред денот на гласањето.